Се буди монструмот кој може да убие 5 милијарди луѓе
Вулканот Yellowstone во американската држава Вајоминг последен пат еруптирал пред 640.000 години, но никој не може со сигурност да знае кога повторно ќе експлодира. Сепак некои мерења покажуваат дека тоа може да се случи во секој момент.
Кога тоа ќе се случи, може да се има предвид дека ерупцијата во атмосферата ќе исфрли околу 240 километри кубни камења, прашина и пепел, како што тоа се случило во текот на последната голема вулканска ерупција.
Вулканот би исфрлил голема количина магма која би го затрупала подрачјето на околу 60 километри оддалечено од него. Делови на Колорадо, Вајоминг и Јута би завршиле затрупани.
Целото пространство на Средниот запад би било прекриено со десетина центиметри од таквиот пепел.
Во атмосферата би имало толку многу прашина и отровни гасови, како сумпор-моноксид, што целата планета би била “замотана“ во густ облак кој би ја одбивал сончевата светлина. Тогаш би дошло до драматично брзо ладење на планетата и температурата во светот радикално би опаѓала.
Полјоделтвото би било уништено, би се распаднале електроенергетските мрежи. Без сончева светлина, бев топлина и без храна би настапил сеопшт помор на животот на Земјата.
Доктор Жерзи Заба, геолог од Универзитетот во Шлеска во едно интервју изјавил дека проценува дека околу 5.000 милијарди луѓе би умреле од глад како резултат на “климатските промени“. Доколку овој вулкан експлодира тој вели дека единствениот начин за некаква шанса со која може да се преживее е да се побегне од Северна Америка.