Престрелка во Чаир- Еден убиен, а уште еден се бори за живот

loading...

Синоќа во вооружена престрелка во скопската населба Чаир едно лице е убиено, а уште едно се бори за живот.

МВР потврди дека на лице место починал И.А. од село Блаце, а тешко повреден е  Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот .

Во жртвите било пукано од автоматско оружје, а за случајот сѐ уште не е приведен никој.

МВР работи на расчистување на случајот.

Translate »