Столтенберг во Скопје на средба со владини претставници и со опозицијата
Претставниците на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како коструктивна ја оценија средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Тој им порачал дека вратите на НАТО за Македонија се отворени ако се реши проблемот со името, но потенцирал дека Македонија е таа која треба да ги донесе одлуките.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата истакна дека разговарале за суштински прашања важни за регионот, но и за Република Македонија, и за нејзиното членство во НАТО како фактор за стабилност не само во земјата, туку во поширокиот регион.
Македонија треба да најде решение за спорот со Грција околу името, му пренел Столтенберг на Ахмети, но рекол дека на двете страни останува како ќе дојдат до решение.
Тој на Столтенберг му пренел и дека е благодерен на НАТО, Алијанса, која, како што рече, има историска улога во спасувањето на Македонија пред 13 години, за време на воениот конфликт.
Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, изјави дека и разговорите и обраќањето и пораките што ги истратил Столтенберг се сигнал дека Македонија е на вистинскиот пат, препознајавќи и поздравувајќи ги реформските процеси.
Тоа, рече, е поттик за натамошни реформи, за работа на унапредување на добрососедски односи и регионална соработка.
Опозицијата, потенцира Тунтев, треба да ја разбере неговата порака дека во овие процеси треба да биде активно вклучена да ги поддржи реформите кои ја движат земјата кон евроатлантските интеграции.
Средба со Столтенберг во македонското Собрание имаше и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Кристијан Мицкоски, која координаторот на пратеничката група Влатко Ѓорчев ја оцени како конструктивна и плодотворна средба.
И тој истакна дека Столтенберг изразил заинтересираност околу прашањето за решавањето на спорот за името како услов за членство на Македонија во НАТО. Но, како што рече, освен тоа што изразил надеж дека дека ќе се најде решение и оти вратите на Алијансата се отворени за Македонија, како што потенцира Ѓорчев, Столтенберг посочил дека одлуките за решението треба да ги донесе Македонија и таа треба да каже што е прифатливо, а што не.
Од ВМРО_ДПМНЕ го информирале дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на стратешката определба на Македонија за членство во НАТО и го потсетиле дека оваа партија е првата која јавно се залагала Македонија да стане дел од Алијансата.
Го информирале и за политичките состојби во земјата, за, како што рече, постојаниот прогон на опозицијата и затворањето на пратеници, уметници, собраниски службеници и секојдневно се случува прогон на опозицијата.АлсатМ.