Грчкиот весник “Етнос”:Во сите предлози го има терминот Македонија

Во сите предлози што медијаторот, Метју Нимиц, ги ставил на маса на вчерашните преговори со преговарачките тимови од Македонија и Грција, е вклучен терминот „Македонија“, објави денеска грчкиот весник „Етнос“.

Како што пишува весникот Нимиц доставил сет идеи и предлози на македонски и англиски јазик.

Весникот, повикувајќи се на свои информации, тврди дека меѓу можните имиња, „Етнос“ ги објавува: „Novamacedonia“, „Uppermacedonia” и „Northern Macedonia”.

Translate »