Користеле иста возачка дозвола 20 години?
Близнаците несомнено имаат бројни предности, и не толку бројни недостатоци. Последниот случај од Кина во кој учествуваат двајца близнаци се чини даваат уште една можност која близнаците потајно би можеле да ја искористат.
Имено близнаците Јан 20 години користеле една иста возачка дозвола без при тоа да бидат фатени од надлежните органи.
Откако еден од браќата ја изгубил возачката дозвола, тогаш тој ја користел возачката на другиот брат. Ова прераснало во пракса па така едната возачка ја користеле цели 20 години.
Сепак за нивна жал нивната шема била откриена минатиот месец кога еден од браќата бил сопрен во својот роден крај поради сомнеж дека возел со неважечка возачка дозвола. Сепак дека едниот брат користел тужа возачка дозвола сомнеж направило тоа што еден од браќата се соочил со губиток на коса што кај полицијата предизвика сомнеж. Тие биле застанати од полицијата при што полицаецот побарал да ги тргнат шеширите.