Истражување: исхрана со висока содржина на сол, маснотии и недостиг на овошје и влакна е одговорна за повеќе смртни случаи во светот отколку пушењето

Стереотипната западна исхрана со висока содржина на сол, маснотии и недостиг на овошје и влакна е одговорна за повеќе смртни случаи во светот отколку пушењето и високиот крвен притисок, покажува едно истражување.

Околу една петтина од сите смртни случаи во светот се припишуваат на нездравата исхрана, што е главен предизвикувач на срцеви заболувања, рак и дијабетес. 

Анализата во која се споредуваат исхраната, смртните случаи и стапките на болести во 195 земји покажа дека лошите навики во исхраната се сè поприсутни поради промената на навиките што доведуваат до почесто консумирање месо, а помалку зеленчук, заедно со консумирањето брза храна.

Во 2017 година лошата исхрана беше одговорна за 11 милиони смртни случаи или 22 отсто од регистрираните случаи во светот. За споредба, пушењето беше поврзано со 8 милиони смртни случаи, а високиот крвен притисок со 10 милиони.

храна

Анализата покажа дека намалената доза на цели зрна и овошје и високата потрошувачка на натриум, што се наоѓа во солта, се одговорни за половина од смртните случаи поврзани со исхраната. Остатокот се припишува на високата потрошувачка на црвено и преработено месо, пијалаци засладени со шеќер и друга нездрава храна, вклучувајќи ја и храната што содржи трансмасни киселини.

Најголемиот дел од смртните случаи поврзани со исхраната биле поради срцеви заболувања, проследени со рак и дијабетес тип 2.

– Лошата исхрана е убиец на можности. Ние сме она што го јадеме и ризиците влијаат врз луѓето низ низа демографски податоци, вклучувајќи ги возраста, полот и економскиот статус – изјави водечкиот експерт д-р Ашкан Афшин од Универзитетот во Вашингтон.

Наместо да го истакнат проблемот со висока стапка на јадење брза храна, авторите го истакнаа проблемот со ниска потрошувачка на здрава храна.

– Политиките на исхрана што се фокусираат на промовирање здрава исхрана може да имаат повеќе корисен ефект од политиките што се залагаат против нездравата храна – додаде д-р Афшин.

Исхраната што е најтесно поврзана со смртните случаи е онаа со висока содржина на натриум и цели зрна, овошје, јаткасти плодови и омега-3 масни киселини, покажа истражувањето. Секој од овие фактори опфаќа повеќе од 2 отсто од сите смртни случаи на глобално ниво.

Професорот од Универзитетот „Харвард“ вели дека наодите ги поддржуваат неодамнешните истражувања за срцеви и артериски болести што се залагаат за замена на месото со растителни протеини.

Драстичното намалување на потрошувачката на месо неодамна беше нагласено од друга група, која рече дека јадењето хамбургери, колбаси и друго црвено месо треба да падне во западните земји за 80 отсто за да се заштитат планетата и здравјето.

– Воведувањето исхрана што ја става во акцент храната со соја, грав и други здрави извори на протеини, ќе има важни придобивки за здравјето на луѓето и планетите.

Д-р Ана Дијаз Фонт од Светскиот фонд за истражувања на ракот изјави дека истражувањето е многу важно со оглед на тоа што ја демонстрира главната улога на исхраната врз здравјето на поединците и населението.

– Нашите истражувања покажуваат дека лошата исхрана го зголемува ризикот од рак и дебелина и со тоа го зголемува ризикот од 12 различни видови рак. Ги повикуваме владите да ги спроведат политиките и врз основа на доказ што ќе ги поттикнат луѓето да направат поздрав избор – рече таа.

Translate »