Јаболката од Преспа завршија во ендеците, жално!

На Фејсбук страната “Земјоделци – Македонија / Zemjodelci Makedonija” каде редовно се објавуваат вести поврзани со земјоделството и земјоделските политики во државата, објавени се фотографии од купишта јаболка во Преспанскиот регион, кои како што пишува се исфрлени покрај патот.

Земјоделците од преспанскиот регион ги фрлаат своите јаболка. Навистина тешка година за овие земјоделци.Ќе ја преземе ли некој одговорноста??”, пишува над објавата.

Инаку цените на јаболката во маркетите во Скопје се движат од 25 денари за Ајдарет до едно евро па и повеќе за другите видови. Тешко е најдете јаболко кое не удрено или не почнало да омекнува, дури и во реномираните маркети. Овде се за џабе.

Translate »