ВРИЕШЕ ВО БЕЛГРАД: Актерот Милан Калиниќ се степа со навивач на Звезда (ФОТО и ВИДЕО)

Пред почетокот на кошаркарското дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан, беше забележана немила сцена во Пионир, каде што за малку не се случи жестока тепачка меѓу навивачите.

Во еден момент еден од навивачите заврши со крвава глава, а потоа беше јасно дека тепачката е во ВИП-делот покрај теренот, а камерите го снимиле познатиот телевизиски водител и актер Милан Калиниќ и еден непознат навивач.

Навивачот по караницата го обвини Калиниќ дека тој прв го удрил, а ситуацијата мораше да ја смири поранешниот министер за одбрана Драган Шутановац.

Наводно тепачката била поради местото за седење.

Видеото од тепачката може да го погледнете ТУКА.

(Фото: Старспорт)

Translate »