Расте цената на кафето! Но и покрај тоа од традиционалното турско кафе Македонците не би се откажале!
Пиењето свежо мелено традиционално турско кафе отсекогаш преставувало култ на рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток! Свежо мелено без хемиски додатоци со цел да го задржи традиционалниот вкус, кој луѓето го обожаваат.
И несомнено и покрај фактот дека кафето поскапува луѓето во земјава остануваат верни на домашното турско кафе произведено во земјава. Тие нема да се откажат од редовното пиење турско кафе кое го одржува нашето тело будно и го помага функционирањето на внатрешните процеси. Традиционалното кафе има бројни здравствени придобивки.
Кои се здравствените придобивки од турското кафе?
Какво и да го пиеме турското кафе, со шекер или без него, можеме да бидеме сигурни во една работа: тоа е поздраво за нас од било кој засладен или газиран пијалак, или друго индустриско кафе на кое му со додаваат хемиски додатоци за мирис и вкус.
Турското кафе е силен антиоксидант, а секој нутриционист ќе ни каже колку се важни антиоксидансите за формирање на „првата одбранбена линија“ на нашиот телесен заштитен организам. Кафето содржи моќни антиоксиданси како полифеноли, кои делуваат кон намалување на ризикот од срцеви болести, рак и Тип 2 дијабетес. Научниците советуваат дека умереното консумирање на свежо мелено турско кафе може да го намали ризикот од дијабетес за дури 25% и значително го отстранува ризикот од развивање на Алцхајмерова болест. Исто така, научно истражување кое траеше 13 години докажа дека луѓето кои секојдневно пијат турско кафе имаат подобро и поздраво срце, а притоа ризикот од срцеви болести кај нив е 20% помал.
Исто така поради високото ниво на кофеин, турското кафе се смета како еден од најефикасните природни диуретици. Помага токсините од телото заедно со непотребните течности да се претворат во урина, па затоа се смета и како „прочистувач“ на организмот.
Кофеинот го стимулира нервниот систем и им сигнализира на масните клетки да топат калории, па затоа тој може да се најде во скоро сите суплементи за топење масти. Притоа, кофеинот го покачува нивото на епинефрин (адреналин) во крвта, со што го подготвува телото за напорна физичка активност, а тоа го прави турското кафе совршена состојка за сите оние кои редовно вежбаат. Според истражувањата, кафето го подобрува физичкиот перформанс за околу 12% и затоа докторите препорачуваат чаша црно свежо мелено традиционално турско кафе пред секое вежбање во теретана.
Зошто расте цената на кафето?
Какаото веќе одамна достигна ценовен врв, но и кафето постепено поскапува последниве години. Намалувањето на производството на сурово зрнесто кафе во земји како Бразил и Колумбија, кои се едни од главните светски производители на кафе, доведе и до пораст на цените на глобално ниво. Дополнително сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина, уште повеќе ја влошија состојбата, и влијаеја негативно на цената на кафето.
Ценовните корекции се неминовна реакција, бидејќи поскапувањето е условено од голем број горенаведени фактори. Заклучокот е дека во иднина нè очекуваат повисоки цени на кафето во малопродажба.
Па така ако веќе треба да одбереме, тоа нека биде традиционалното турско кафе кое се произведува во земјава, за кое имаме изградено култ, и кое е дел од културата и традицијата на овие простори.
Не е сеедно какво кафе пиете!