НЕМА ПРЕЧКИ ВО УЧИЛИШТАТА ФАКУЛТАТИВНО ДА СЕ ИЗУЧУВА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК ВО ДУХОТ НА ДОБРОСОСЕДСТВОТО, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП НИКОЛОВ НА СРЕДБАТА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ

„Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите“, рече градоначалникот на Штип Сашко Николов по денешната средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кој го посети градот.

Николов рече дека со Ангелов имале плодна средба затоа што разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои ќе значат развој и на двете држави, но и за соработката меѓу градовите.
Бугарскиот амбасадор, како што самиот вели, е оптимист за спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.

За тоа дали во Бугарија се санкционира говорот на омраза Ангелов рече: „Емоциите кои што постојат и кај двете страни треба да се намалат и да влеземе во еден прагматичен дијалог кој ќе го острани целокупниот говор на омраза“.

Ангелов кој во името на бугарската амбасада додели 30 пакети на социјално загрозени семејства во Штип.

poveke na sdk.mk

Translate »