10-те најдобри пекари ширум светот. Дали македонската Пекара “Бакал” е меѓу нив?
Морате да вкусите некое од нивните пецива пред да умрете!
1. Dominique Ansel Bakery, Њујорк
Зошто мора да ја посетите: The Cronut – Луѓето доаѓаат од сите делови на земјата за да ја вкусат оваа крофна-кроасан, наречена и “подарок од Боговите”. Тестото е совршен микс на крцкаво и меко и ќе стави насмевка на сечие лице. На малата пекара овие совршени крофни-кроасанчиња и’ завршуваат околу 11 часот, така што или побрзајте или … ќе треба да се задоволите со останатите задоволства кои ги нуди.
2. Tatte, Бостон
Зошто мора да ја посетите: Овошните тарт колачиња на Tatte
збогатени со апетисани се толку совршено направени што ќе ви биде страв
да ги допрете или гризнете.
3. Pâtisserie Sadaharu Aoki, Токио и Париз
Зошто мора да ја посетите: Комбинацијата од уникатните Јапонски
вкусови со уметноста на правењето на Француското пециво, Sadaharu Aoki
точно знае како да ги направи овие неверојатни креации – како зелениот
matcha кроасан или црниот еклер со сусам – и не можете да ги најдете на
ниту едно друго место.
4. Conditori La Glace во Копенхаген
Зошто мора да ја посетите: Веднаш штом ќе влезете во Conditori La Glace,
ќе се почувствувате како да сте телепортирани во друго време и на друго
место. Најстарата пекарница во Копенхаген го има најубавиот изложбен
прозорец за секој празник, а Божиќ добива особено богат третман.
Уживајте во парче од неговата најпозната торта и кафе со шлаг.
5. Du Pain et des Idees во Париз
Зошто мора да ја посетите: Оваа мала пекарница го послужува
најверојатно најдобриот кроасан во цел Париз, исто како и секој вкус на
Ескаргот (јадење од приготвени полжави кое обично се сервира како мезе
во Франција и Француските ресторанчиња) кое можете да го замислите. Дури
и да не сте гладни нема да можете да одолеете на аромата која се шири
низ пекарата кога ќе влезете.
6. Bakerbots во Торонто
Зошто мора да ја посетите: Ќе ви го помести паметот со нејзините
рачно изработени сладолед-сендвичи. Можете да си одберете колаченце и да
додете сладолед врз него во вкусовите кои се движат од изгорен мачмелоу
до вкус на јаворов сируп и сланина.
7. Bourke Street Bakery во Сиднеј
Зошто мора да ја посетите: Оваа пекара се наоѓа на повеќе локации
и тоа е сигурен знак дека не треба да го пропуштите ова место доколку
сте во Сиднеј. Таа го има совршениот спој на слатки и солени пецива и
иако можеби нe звучи примамливо, питата со месо ќе ви го освои срцето.
8. Gagou de Paris во Ерусалим
Зошто мора да ја посетите: Оваа непретенциозна пекара има
тенденција да ги посрамоти и најдобрите пекари во Париз и Њујорк
оставајќи ги Њујорчаните и Парижаните без зборови. Нуди секаков вид на
пециво кое можете да си го замислите.
9. Hafiz Mustafa 1864 во Истанбул
Зошто мора да ја посетите: Оваа пекара го има секој вкус на Турско слатко што постои на светов и секој вид на баклава… Од обичната традиционална баклава до баклава со ф’стаци, чоколадо, лешник, бело чоколадо и баклава во обликот на нивното знаме, а секоја од нив едноставно ви се топи во устата. Најверојатно ќе ви претставува проблем да се одлучите само за неколку, а од повеќе може и да ви се слоши од благо и убавина.
10. Пекара Бакал (Скопје, Тетово
Зошто мора да ја посетите: Пекарата ги нуди најдобрите печени кроасани и лебови кои ќе ве освојат. Не пропуштајте го торта со морков.
Бурек и пецива испечени со љубов?