Мрачната страна на луксузните дестинации: Ве чека разочарување кога ќе погледнете како изгледаат во реалноста

Некои светски дестинации се познати како места за луксузен туризам или шопинг.

Париската авенија Шанзелизе изобилува со бутици од престижни дизајнери и се смета за една од најскапите улици за шопинг на светот, додека Дубаи се фали со најлуксузните хотели. 

Меѓутоа, многу откриваат дека овие и други “туристички раеви” често не ги исполнуваат своите очекувања.

Париз

Посетителите најчесто се разочарани од фактот дека пред посета на било која знаменитост, најчесто мора со часови да чекаат во километарски редови.

Канкун

Првата асоцијација на туристичкото летување во Мексико е сигурно Канкун. Градот на брегот на Карипското море може да се пофали со песочни плажи кои го одземаат здивот.

Канкун им е омилено место на Американците за пролетните распусти, па затоа на плажите најчесто можат да се видат разголени, бучни студенти, галони пиво и забави до изгрејсонце.

Далиан

Туристичките водичи го опишуваат Далиан во Кина како “град за опуштање кој е погоден за живот” и го фалат неговиот брег и плажите идеални за пливање.

Она што често забораваат да го напоменат е дека посетителите мора сериозно да се помачат да пронајдат место бидејќи плажите се преплавени со Кинези кои доаѓаат тука да се одморат. 

Дубаи

Дубаи се фали со најскапите хотели на светот. Бурџ Ал Араб има седум ѕвездички, ноќ во него чини најмалку 3500 долари и е едно од најлуксузните искуства кои можете да си ги овозможите.

Од друга страна, многу посетители сметаат дека Дубаи е преценет, површен и без култура. Исто така, повеќето хотелски соби најверојатно пружаат поглед кон кранови бидејќи туристите најчесто се жалат на постојаните градежнички работи.

Венеција

Возењето со гондола по романтичните канали на Венеција е едно од најубавите искуства кои можете да ги доживеете во “пловечкиот град”.

Меѓутоа, малку познат факт е дека туристите плаќаат околу 100 долари за да бидат “збиени” помеѓу другите чамци со останатите посетители.

Translate »