Гордоста на Турција: Погледнете го најголемиот аеродром на светот од 12 милијарди долари!
Првата фаза од изградбата на новиот аеродром во Истанбул е целосно завршена, а иако првиот лет беше минатата година, деновиве на овој аеродром се отворени три писти и терминал.
Аеродромот ќе биде граден во четири фази, а Турција ќе ја чини вртоглави 12 милијарди долари. Најголемиот аеродром на светот ќе може да прими дури 200 милиони патници на годишно ниво кога ќе биде целосно отворен, а со моменталниот капацитет може да прими 90 милиони патиници годишно. Една од компаниите која учествуваше во изградбата е корпорацијата Лимак која во Скопје го гради модерниот мултифункционален комплекс Лимак Diamond.
Со ова истанбулскиот аеродром и дефинитивно ќе стане најголемиот аеродром на светот ако се гледа количината на патничкиот сообраќај. Аеродромот ќе има “Duty Free Shop” со големина од 55 илјади квадрати, хотел со 451 соба и други интересни содржини.