Важноста на вакцинирањето против сезонски грип!

Секој кој е на возраст над 65 години, има здравствени проблеми, e бремена жена или е здравствен работник, треба да се вакцинира против сезонски грип еднаш годишно.

“Секоја година околу 500.000 луѓе во светот умираат поради компликации од грип. Околу 10% од овие смртни случаи се во Европа. Според д-р Каролин Браун од СЗО/ Европа, многу од овие животи може да се спасат со едноставна акција: вакцинација против сезонски грип. Годишно, најмалку 30 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО одлучуваат да се вакцинираат против грип. Секој кој е на возраст над 65 години, има здравствени проблеми, e бремена жена или е здравствен работник треба да биде еден од нив”.

Вакцинацијата против грип е најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми, а кои можат да доведат и до хоспитализација и смрт. Покрај тоа, грипот, има сериозни социо-економски последици и предизвикува трошоци и за здравствениот систем и за секој граѓанин поединечно.Последниве години, два вида грип од типот Б, се присутни со различен интензитет во различни периоди од годината и во различни земји. Варијабилноста и непредвидливоста на двата вида грип од типот Б, предизвикаа да биде исклучително тешко за Светската здравствена организација да одлучи за кој грип од типот Б ќе се препорачува тривалентната вакцина.

Затоа оваа година СЗО препорачува употреба на четиривалентни вакцини против грип, а секако притоа треба да се пофали и македонската влада за почитување и усогласување со препораките на СЗО, истакнаа експертите на конференцијата.

Четиривалентните вакцини против грип кои македонското Министерство за Здравство ги набави од реномирана француска компанија Санофи Пастер обезбедуваат најдобра можна заштита од грип, бидејќи обезбедувајќи заштита од 4 типа на грип. До сега, вакцините против грип беа тривалентни, што значи дека заштитувале од 3 вида на грипа: два од типот А и еден од тип Б.

Вакцинацијата е препорачлива посебно за ризичните групи во кои влегуваат: возрасни над 65 години, деца над 6 месеци, бремени жени, медицински професионалци и оние кои страдаат од хронични заболувања на респираторните и кардиоваскуларните системи, дијабетес и други метаболитички болести. Во некои земји од ЕУ, како Холандија и Велика Британија, покриеноста со вакцинацијата против грип кај ризичните групи достигнува до 75%. Заразните болести се главната причина за смрт, дури и во најразвиените земји.

Според светската здравствена организација (СЗО) со вакцинацијата се зголемува имунитетот  и се заштитуваат над 3 милиони луѓе годишно низ целиот свет.

 

“Премногу луѓе на возраст над 65 години и лица со здравствени проблеми не се свесни за тоа како грипот може да влијае на нивното здравје, па затоа и не се вакцинираат. Пристапот кон грипот како безопасна болест е погрешен, особено за овие луѓе. Со вакцинацијата, кај нив може да се намали ризикот од компликации и тоа треба да се прави секоја година, не само еднаш, бидејќи вирусите на грип се менуваат. Во Европа, пикот на сезоната на грип е обично во есен и зима, а со тоа, октомври е оптимално време да се прими вакцината “, информираат од СЗО.

Бремените жени и здравствените работници, исто така, имаат потреба од вакцинација!

СЗО им препорачува на бремените жени да се вакцинираат против грип бидејќи се повеќе склони на потешка форма на болест кога се заразени со грип и тоа може да има негативни последици за фетусот. Што е уште поважно, вакцината против грип дадена за време на бременоста го штити и новороденчето во првите месеци од животот.

Исто така, здравствените работници се сметаат како ризична група со оглед на тоа што се повеќе изложени на различни вируси на дневна основа, вклучувајќи го и вирусот на грип и треба да се заштитат.

Грипот обично не е тешка болест и повеќето луѓе се опоравуваат брзо. Сепак, оваа заразна респираторна болест предизвикана од вирусите на грип може повремено да предизвика сериозна болести и смрт.

 

 

 

 

Translate »