Како да се негува возрасната кожа! Совети од д-р дерматолог Соња Петрушевска Доневска
Кожата е најголемиот орган на нашето тело кој ги заштитува сите органи од нашето тело. Таа е првата одбранбена линија која нѐ заштитува од влијанијата на надворешната средина, орган преку кој ја чувствуваме околината, топлите прегратки, првиот бакнеж…Импресивна е и скромноста на кожата колку е таа толерантна, но и колку е благодарна кога соодветно ја негуваме. Но, често се прашуваме какви се потребите за нега на нашата кожа? Еве ги советите од Eucerin за нега на возрасна кожа после пубертет…
- По 18-тата година човековиот организам е во полна регенеративна моќ и за нега на кожата е потребна само интензивна хидратација која ќе ја одржи кожата еластична и без брчки. За оваа возраст ви ги советуваме производите од AQUAporin ACTIVE линијата.
- По 25-тата година на нашата кожа почнува да ѝ недостасува енергија. Дополнителна енергија ќе ѝ додадеме преку нега со производите кои содржат коензим Q10 кој е сличен на витамините и се бори со првите брчки и фините линии на кожата.
- По 30-35-тата година се појавуваат првите посериозни брчки, бидејќи моќта на кожата да создава хијалуронска киселина полека се намалува. Во овој период потребна е нега со производи кои содржат хијалуронска киселина, кои ќе ја хидрираат кожата и ќе се борат против појавата на брчки или веќепостоечките брчки. Eucerin Hyaluron-Filler производите ќе ги задоволат потребите за нега на кожата по 30-тата година.
- По 40-45-тата година постепено брчките се продлабочуваат, тонусот и волуменот на кожата се намалуваат и тоа води кон промена на контурите на лицето. Само хијалуронска киселина веќе не е доволна за нега на кожата, кожата има потреба од поголема помош, а тоа ќе го овозможиме со производите од Volume-Filler линијата. Овие производи имаат хијалуронска киселина, олигопептиди и магнолол кои во оваа комбинација го враќаат намалениот волумен и тонус на кожата и ги подобруваат контурите на лицето.
- За над 50-тата година е Еucerin Elasticity+Filler е нов производ од лабораториите на Баерсдорф кој ја зајакнува структурата на кожата, преку подобрување на еластичноста и пополнување на длабоките брчки. Колекцијата која се состои од крем за дневна нега, крем за ноќна нега и масло за нега, содржи единствена и иновативна формула која обезбедува повеќекратни придобивки против стареењето на кожата. Активни состојки во Еucerin Elasticity + Filler се арктиин, екстрахиран од растението пиреј кој докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во комбинација со силимарин – моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Формулата е збогатена со арганово масло за потрахнувачки ефект и хијалуронска киселина – супстанца која се наоѓа во сврзното ткиво на нашата кожа, и истата ја прави цврста и еластична, пополнувајќи ги длабоките брчки. Благодарение на оваа формула богата со витамин Е кој го намалува оксидативниот стрес, кожата се чувствува заштитена и мазна, а изгледа свежо и сјајно.
Но пред да нанесеме крем за нега да не ја заборавиме хигиената, односно чистењето на кожата, бидејќи само чистата кожа слободно дише и целосно ги прима активните состојки од кремите. Нека здравиот сјај и младешкиот изглед бидат карактеристика на нашата кожа.
Совети од д-р дерматолог Соња Петрушевска Доневска