Тајната за долговечност на 105 годишниот јапонски доктор

Се сеќавате ли како деца кога поважни ви беа игрите и забавата со другарчињата, а не дали сте ручале?

pomalku-pravila-povekje-zabava-tajnite-na-dolgovechnosta-od-105-godishen-japonski-doktor-01.jpg

Јапонскиот доктор и научник Shigeaki Hinohara, кој живееше 105 години, а почина во 2017 година, во текот на животот ја испитувал долговечноста.

Тој изјави дека тајната на животот е да се грижите помалку, да не се пензионирате, да имате здрава тежина, да се забавувате, секогаш да одите по скали и да не верувате слепо што ви кажуваат докторите.

Тој до својата смрт работел и по 18 часа на ден, а неговата книга за закажување на прегледи имала место со термини секогаш за плус уште 5 години.

pomalku-pravila-povekje-zabava-tajnite-na-dolgovechnosta-od-105-godishen-japonski-doktor-04.jpg

Верувал дека во животот главно е придонесувањето, односно да имате чувство дека придонесувате и дека им помагате на луѓето и да се будите наутро со мислата дека ќе направите нешто прекрасно за другите. Мора да имате цели за денес, за утре и за наредните 5 години.

Тој даде неколку едноставни совети за подолг живот:

1. Грижете се помалку дали сте јаделе добро и дали сте спиеле доволно и забавувајте се повеќе. Се сеќавате ли како деца кога поважни ви беа игрите и забавата со другарчињата, а не дали сте ручале? Не ги уморувајте телото и умот со премногу правила.

2. Ако сакате долг живот, внимавајте тежината да не ви биде прекумерна.

pomalku-pravila-povekje-zabava-tajnite-na-dolgovechnosta-od-105-godishen-japonski-doktor-02.jpg

3. Не следете слепо што ќе ви каже докторот. Прашајте го прво дали истото би им го препорачал и на своите деца и барајте второ и трето мислење. Музиката и животните нека ви бидат терапија.

4. За да ја поднесете и да заборавите на болката, забавувајте се. Ако детето има забоболка, но го заиграте со нешто, тоа веднаш ќе заборави на болката.

5. Секогаш одете по скали, а не со лифт, добро би било да пречекорувате и по 2 скали наеднаш за да ги активирате мускулите повеќе.

pomalku-pravila-povekje-zabava-tajnite-na-dolgovechnosta-od-105-godishen-japonski-doktor-03.jpg
Translate »