Загревање пред спектакл: И навивачите на Македонија и Данска ќе одиграат свое дерби во Копенхаген
Додека македонските фудбалски репрезентативци се подготвуваат за големиот натпревар од баражот за Светското првенство 2026, навивачите подготвуваат сопствен мал спектакл. На истиот ден (четврток, 26.03) македонските навивачи ќе одиграат ревијален пријателски натпревар против данските навивачи, на спортскиот комплекс Кловермаркен во Копенхаген. Во знакот на спортскиот дух и добрата забава, овој натпревар ќе биде совршено загревање за она што ќе следува вечерта.
Македонската фудбалска репрезентација повторно се наоѓа пред прагот на Светското првенство. Овојпат за противник ја има силната репрезентација на Данска, која ќе биде домаќин на натпреварот во четврток од 20:45 часот.

Истиот ден ќе се одигра и пријателски натпревар помеѓу навивачите на Македонија и Данска кои се собрани во Копенхаген. Со почеток од 13:30 часот, на теренот Кловермаркен, двете навивачки групи ќе ги одмерат силите и ќе ги покажат нивните фудбалски вештини. Но исто така ќе се дружат, ќе навиваат и ќе се забавуваат, со цел да ја подготват атмосферата за официјалниот натпревар меѓу двете репрезентации.
Организаторот на настанот ги повика сите македонски навивачи и сите љубители на фудбалот кои се отидени да ја бодрат нашата репрезентација да им се придружат и да уживаат во фудбалот. Секој што сака да биде дел од тимот и да учествува во настанот може да се пријави во порака на ФБ страната на Фан Клуб Струмица.
https://www.facebook.com/profile.php?id=61551090221769
Познати се и тимовите

Да покажеме како се бодри Македонија!


