Д-р Дејан Докиќ: Како да се заштитиме од инфекции на дишните патишта?

Наглите и чести температурни промени, ниските температури кои овие денови се под нулата, стресот, динамичното секојдневие, влијаат на ослабнување на нашиот имунитет, и не прават ранливи и подложни на вируси и атипични бактерии, кои се насекаде околу нас. А токму вирусите 90-95% се причина за појава на респираторни проблеми и инфекции на дишните патишта (нос, крајници, уво и грло). Најосетлива категорија секако се децата, но вирусите не ги одминуваат и возрасните.

Овие две години дефинитивно беа многу непредвидливи, од појавата на Ковид, неговите мутации, грип и што се не друго. И ако повеќето луѓе не се мачеа со покачена телесна температура, дури и висока, во најмала рака чувствуваа замор, слабост, поспаност, грозница, немир, раздразливост, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, намален апетит, предизвикани од вирусните инфекции на дишните патишта. Кај некого предизвикаа дури и сува и иритирачка кашлица, задишаност, преминувајќи во акутно воспаление на белите дробови (бронхопневмонија и плевритис), оставајќи трајни здравствени последици.

Во вакви услови кога спречувањето на инфекциите на дишните патишта се наметнува како здравствен приоритет, бројни доктори и пулмолози меѓу кои и Проф. Др. Дејан Докиќ, Директор на клиниката за пулмологија во Скопје, го препорачуваат хербалното решение наречено Бронхо протект. Хербален додаток на храната кој е резултат на најновите научни сознанија и секако на најдобрите состојки од природата. Претставува уникатна комбинација на билни екстракти (црно семе, рузмарин, кинески тегавец, куркума и витамините Ц и Д и ефикасно помага во заштита на белите дробови, го олеснува дишењето и ја одржува функцијата на респираторниот систем.

Може да се купи во продажните центри на Натура терапи, како и во аптеките.

Се препорачува и за деца над 3 години. Го користам јас, моето семејство но и моите колеги, како превентива, има противвоспалителен ефект и го подготвува организмот да биде поотпорен на сите потенцијални инфекции. Ги проширува дишните патишта, овозможува полесно да се искашла секретот, делува антиалергиски, а има и антиоксидативно дејство, вели Д-р Докиќ, во интервју на ТВ Сител.

Секако она што во континуитет треба да го правиме е здравата исхрана – внесување на доволна количина на течности, продукти богати со витамини, минерали, продукти кои содржат растителни влакна, како и продукти кои содржат малку маснотии, шеќери и вештачки ароми, и навремена употреба на хербални додатоци како БРОНХО ПРОТЕКТ.

Важна улога има и физичката активност, доволно сон и редовна прошетка на свеж воздух.

Translate »