Жестоки реакции на Тодоров и Јанчев по одлукатата на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ
Жестоки реакции и најави за тужби по вчерашната одлука на Центалниот комитет за разрешување на потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК, Константин Богданов и отпочнување на постапката за исклучување од партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров.
Секташка антимакедонска фракција, раководство кое има антизападни и антиевропски интереси и пропаганди, изолирана партија полна со непотизам. Ова се само дел од обвинувањата на поранешниот висок функционер и министер Никола Тодоров кој беше посочен дека заедно со Сашо Мијалков притискале и уценувале пратеници за да обезбедат двотретинско мнозинство за уставните измени.
„Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти – ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам“, напиша Тодоров на социјалната мрежа “Фејбук“.
Сега веќе поранешниот потпретседател и актуелен градоначаник на Кавадарци Митко Јанчев најави тужба околу причините за разрешување и наводите за криминал, закани и уцени и соработка со премиерот Зоран Заев кои ги изнесе потпретседателот Александар Николовски.
Николоски пак во телефонски разговор за Телма ретерираше и кажа дека станува збор за недоразборање и погрешно толкување на неговата изјава и дека причина за разрешувањето на Јанчев разидувањето во ставовите и политиката на партијата. Тој додаде и дека во делот околу уцените и заканите не мислел и на неговиот колега Тодоров.
Според Јанчев, судирот со раководството околу референдумот било пресудно за неговото разрешување.
Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата остана за уште еден пратеник помалку откако вчера, едиствениот пратеник на коалциската ГРОМ, Панчо Минов, во знак на солидароност по разрешувањето на неговиот сограѓанин Митко Јанчев од потпреседателската функција најави дека ја напушта колаицијата и ќе настапува самостојно во Собранието.