На Сашо Мијалков не му е вратен пасошот, велат од СЈО

На Сашо Мијалков не му е вратен пасошот, велат од специјалното јавно обвинителство за 1ТВ, демантирајќи ги шпекулациите дека со нивна помош му е вратен пасошот на екс директорот на УБК.

– Не е точна инфомацијата, од нас не  е побарано мислење, велат од обвинителството на Катица Јанева.

Од СЈО потсетуваат дека во неколку наврати од нив било побарано, но се досега не е дадено позитивно мислење за враќање на неговиот пасош. Инфомацијата дека му е вратен пасошот ја демантираше и кривичниот суд.

Од „скопска единица“ појаснуваат дека кривичниот совет воопшто не постапувал по вакво барање. За Мијалков сè уште се активни мерките за претпазливост, одземениот пасош и обрската еднаш неделно да се јавува во кривичниот суд.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1  информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не
постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни се вели во соопштението.

Сашо Мијалков е обвинет во неколку судски постапки на СЈО, меѓу кои незаконското прислушување.

Translate »