Груевски: Главатa горе доаѓаат подобри времиња
Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по денешната пресуда од две години казна затвор која му ја изрече Кривичниот суд за случајот „Тенк“ на „Фејсбук“ напиша „доаѓаат подобри времиња“.
„Главата горе горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија. Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга. Вие одлучувате! Да живее Република Македонија“- напиша Груевски.
Груевски денеска не ја слушна пресудата во судот, а од партијата рекоа дека најверојатно тој е во Скопје.