Две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски
Поранешниот претседател на Владата Никола Груевски е осуден на две години затворска казна во случајот „Тенк”, за примање награда за против законито влијание.
Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на казна затвор од 6 години и 6 месеци.
Двајцата треба да надоместат материјални трошоци за судот во износ од 325.584 денари.
Пред судот се собраа приврзаници на Груевски да протестираат за пресудата.
Поранешниот премиер не дојде во судот лично да ја слушне пресудата.
Во „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“