Деспотовски: Пописот ќе даде одговор на прашањата кои ги интересираат инвеститорите
Во рамки на долгоочекуваната статистичка операција во С.Македонија – пописот кој е закажан за април годинава, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски го карактеризираше како неопходен во поглед на инвестициите и развојот на земјата.
„Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во С.Македонија, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила. Она што недостасува како квалитетен податок, кој можеме да го понудиме е меѓудругото и тоа. Тоа влијае на одлуката на инвеститорите да вложат во С.Македонија, а влијае и на платите кои ги даваат за работниците. Пописот е неопходен и важен, за конечна слика која ќе може да ја видат инвесторите, да се појавиме на картата, и со тоа ќе се овозможи отворање на нови работни места и се повеќе инвестиции во земјава“, истакна Деспотовски.