Ико Брдаровски: Што се‘ можете да селектирате и како тоа влијае на животната средина

loading...

Животната средина е местото каде што постоиме, се движиме, работиме, дишеме. Таа е основна човекова вредност и право, кое сме должни да го заштитуваме и унапредуваме. Заштитата на животната средина е темелна вредност дури и на уставниот поредок на нашата држава.

Имаме право на чиста животна средина, но што е со нашите должности кон истата?

Заштитата на животната средина во Македонија претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Таа е наша должност, а негрижата за истата директно ни влијае на сите нам, кои од неа ги црпиме ресурсите кои ни се потребни за живот – вода, храна, воздух…

Со оглед на тоа дека овие ресурси не се лесно обновливи, а се лесно уништливи, селекцијата на отпадот е огромно олеснување, се разбира доколку го сфатиме нејзиното значење и влијание.

Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца. Ако не за себе, направете го тоа за нив!

Во спротивно, стаклениот, пластичниот и хартиениот отпад завршуваат на депониите кои имаат ограничен капацитет, каде скапуваат и ги загадуваат водата, воздухот и почвата во која ја растеме храната за нас и нашите деца.

Сите вредности за кои се бориме во нашето општество, директно зависат од изборот дали ќе го направиме малиот напор да го селектираме отпадот. Борбата за природата и дрвјата во нашите населби, водата, електричната енергија, зависат од тој избор. Дали знаете дека со рециклирањето на отпадот се заштедува многу електрична енергија? Или дека со само 60 кг рециклирана хартија спасувате едно дрво?

Секој би требало да има на ум дека со заштитата на животната средина – се штити себеси. Кога ќе ја достигнеме свеста дека е неопходно да ја чуваме околината во која живееме, парковите, игралиштата, излетничките места, шумите, езерата и живиот свет, ќе сфатиме дека само така го зачувуваме сопственото здравјеПосебно сега, кога контејнери за селекција има во секоја населба и во секој поголем маркет, ја имате можноста да бидете промената што сакате да ја видите во општеството. Потребен  е минимален напор да се селектира отпадот, а разликата е огромна– смета Ико Брдароски оперативен директор во Пакомак.

Во ЖОЛТИОТ контејнер за пластика фрлете ги пластичната амбалажа и лименките. Тука спаѓаат и шишињата од детергенти, омекнувачи, оцет и масло.

Во ЗЕЛЕНИОТ контејнер за стакло фрлете ги стаклените амбалажи од шишиња и тегли.

Во СИНИОТ контејнер за хартија фрлете ги амбалажите од хартија. Тука спаѓа и тетрапак отпадот, како пакувања од млеко, сокови, сосови… А доколку имате поголема количина на амбалажен отпад во вашиот дом, повикајте ги службите на локалното јавно претпријатие да ја превземат.

Заедно, да бидеме промената што сакаме да ја видиме во општеството и да изградиме подобра и почиста иднина за нашите деца.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »