Ајде да имаме време за добрите работи во животот

Знаеме, можеби нема да имате време да го прочитате овој текст до крај. Всушност, утрово немавте ни време на раат да го испиете кафето, камо ли да го направите утринското истегнување и да ги прочитате вестите (што е веројатно и добра работа). Подоцна во текот на денот, нема да стигнете да направите сѐ што мислите дека треба да направите, ниту пак она што реално треба да го направите, а најмалку пак она што сакате да го направите. И ете го крајот на денот, а вам годините ви поминуваат така, ден за ден. По некоја брчка и неколку седи влакна во косата, децата пораснале, а кафето се изладило. Дали мора секогаш да биде така?

Ако нѐ прашувате нас, не би требало да ја повторувате истата грешка од ден во ден. Седнете. Вдишете длабоко. Ставете да се стопли вода за кафе. Прашајте ги домашните како се, што правеле вчера и што имаат намера да прават денеска. Сослушајте ги. Раскажете им колку ви недостигаат во овие денови додека останувате до доцна на работа. Објаснете им колку ви значи времето поминато со нив. Ако мислите дека немате доволно време, потсетете се дека времето е сѐ што имате, па почнете да го користите мудро.

Гранд кафе со својата атипично раскажана типична семејна приказна во овие забрзани времиња потсетува дека сѐ поминува и се надминува, освен нашите врски со блиските и незаменливоста на ритуалите кои ги прават тие врски посилни. Една од нив е и пиењето на кафе во топлината на својот дом. Оној мал дел од времето, кој секојдневно го посветуваме на мали ритуали кои го прават животот поубав и му даваат смисла.

Низ интересен приказ на патување низ времето, Гранд кафе се „поигра“ со еден многу сериозен проблем: хроничниот недостаток од време за најважното нешто – нашите најблиски. Што побрзо живееме, децата ни растат побрзо. А ние постојано се надеваме дека тие секогаш ќе бидат тука, дека нашата блискост се подразбира, дека сето тоа можеме да го оставиме „за подоцна“, кога ќе ги завршиме сите обврски кои модерниот начин на живот ни ги наметнува како приоритет. А тоа „подоцна“ може многу лесно да испадне и предоцна.

И понатаму не е доцна одново да ги подредите приоритетите во вашиот живот. Пробајте уште веднаш и наредете ги работите по оној редослед како што срцето ви кажува. Ќе се потсетите дека вие и понатаму сте сопственик на своето време и можете да одлучите дека имате време за оние работи кои ви се важни и за луѓето кои ве прават среќни. Не заборавајте дека за една прегратка или искрен разговор не е потребно многу, но чувството на среќа кое тие го даваат е немерливо и неспоредливо.

Бидејќи, којзнае: ако ги немаше тие мали домашни навики како што е заедничкото пиење кафе, можеби немаше да дознаете кога вашиот син првпат се заљуби, кога ќерката се скара со најдобрата другарка и сега има нова, дека сопругата планира наредниот викенд да го помине кај нејзините родители. А за сето тоа треба да бидеме подготвени, бидејќи тоа нѐ очекува… бидејќи тоа е животот.

Дека за сѐ што е добро е потребно време, дека шолјата свежо мелено кафе е есенција на нашето секојдневие, асоцијација на уживање во животот, топлина, блискост, а пред сѐ за драгите луѓе, сфати и ликот во новиот спот на Гранд кафе. Не само поради неговите досегашни улоги и очигледниот шарм, Гордан Кичиќ се покажа како идеален лик за улогата на забрзан татко предводен од чувството на одговорност, кој истовремено го прогонува свеста. Гордан ја носи таа морничава опуштеност која е одлика на многумина кои се трудат успешно да ги балансираат семејниот и професионалниот живот, додека Наташа Тапушковиќ глуми грижлива млада мајка, нежен семеен интегратор кој со невидливи конци успева секогаш да ги има работите под контрола. Со дискретна помош од Гранд кафе.

Гордан сфаќа дека вредноста на заедничките моменти со блиските нема цена и не може да се спореди со било што. Тој наоѓа време за она што е навистина важно.

Затоа, ајде сите да се обидеме, ајде да имаме време! Обидете се и вие да имате и ќе видите дека воопшто не е тешко ако вложите малку труд. А сѐ станува уште подобро со една шолја топло свежо мелено кафе.

Translate »