Влатко Палчевски: Пантелеон ГС работи за преку 12 големи компании на америчкиот пазар
Живот во Македонија со американски плати, токму ова им се случува на 100-на млади лица кои работат за американскиот пазар, а живеат во Македонија. Тие не ја напуштаат татковината, а компанијата во која работат нуди високи плати примамливи за наши услови. Станува збор за македонската компанија Пантелеон ГС која работи како поддршка на компаниите на американскиот пазар. Работните процеси се прилагодени на америчките стандарди, односно се работи по американско време од 15 до 23 часот.
Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар. Во нивното портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други. Компанијата има огромен потенцијал за развој, за дополнителни вработувања и несомнено силно се наметнува како деловен систем кој значајно придонесува кон развој на домашната економија, и уште поважно кон задржување на квалитетните кадри дома, истакнува Влатко Палчевски, Административен Директор на компанијата.
Иако релативно млада компанија, постои од 2020 година, Пантелеон ГС веќе бележи значаен успех. Во своето портфолио има респектабилни амерички компании и договори кои гарантираат долгогодишна работа. Покрива специфична индустрија, аутсорсинг услуги, каде се користат само умствените капацитети на вработените и компаниските пракси, со што оваа компанија навистина значајно придонесува кон домашната економија. А притоа не ја загадува животната средина, применува позитивни пракси за општествена одговорност, и вработува млади и талентирани луѓе кои поинаку би размислувале за напуштање на земјава.
Дефинитивно Пантелеон ГС инвестира во поттикнување критичко размислување и оспособуваме врвни професионалци кои имаат можност да работат на светски проекти.
Имплементира политика на отворени врати, која на секој вработен му овозможува директен и непречен пристап до членовите на врвниот менаџмент на дневно ниво – што е особено важно за градење на квалитетна комуникација внатре во компанијата и одржување на долготрајни релации. Одличните работни услови, можноста за стекнување врвни знаења, бројните лични бенефити како на пример приватно здравствено осигурување, месечни претплати на спортски активности по избор, редовна достава на здрава храна и секако натпросечните финансиски пакети на ниво на целата компанија ја прави оваа компанија одлична и пожелна средина за младите.