Publicis Groupe започнува иницијатива за прифаќање на родова еднаквост
Publicis Groupe за Централна и Источна Европа (CEE) денеска го објави лансирањето на глобалната иницијатива, која е во согласност со овогодинешната тема на Меѓународниот ден на жената, прифаќање на родовата еднаквост. Предводена од една мисија и три клучни акции кои ја поддржуваат, едногодишната иницијатива ќе започне насекаде низ канцелариите на Publicis Groupe во Централна и Источна Европа.
Оваа година, темата на кампањата за Меѓународниот ден на жената (IWD) е #EmbraceEquity, и таа ја зајакнува пораката дека родовата еднаквост е неопходна, а да не е само нешто за кое понекогаш зборуваме. Фокусот на родовата еднаквост треба да биде дел од кодот на секое општество и е од исклучителна важност за разбирање на разликата помеѓу давањето на еднакви шанси за сите и еднаквоста. Кампањата за IWD од 2023 година има за цел да го натера светот да зборува за: „Зошто еднаквите можности не се доволни“.
Преземајќи го редот и водејќи се според кампањата на IWD оваа година, иницијативата на Publicis Groupe CEE ќе се фокусира на мисијата „да изгради работни места каде што напредуваат кариерите на жените“, создавајќи инклузивна работна култура каде што кариерите на жените можат да процветаат и каде ќе се слават нивните достигнувања. Оваа мисија ќе биде поддржана од три клучни акции:
• Свесност (Еднаквост наспроти Еднакви можности) – Да се осигураме дека целата заедница на Publicis Groupe CEE ја разбира разликата помеѓу еднаквост и давање еднакви можности секому, како зошто е важно да се разбере, прифати и да се цени ова.
• Едукација – Искористување на истражуваните програми на IWD „Lean in“ за да ги поттикне сите тимови со знаење и know-how за создавање инклузивни култури на работното место и поврзување на жените со менторството и насоките што им се потребни за да ги постигнат своите цели.
• Анализа и Акција – Да се направи внатрешна анализа на разликата во платите помеѓу Publicis Groupe CEE и оние на другите пазари, со цел да се направи план за акција и патоказ за подобрување и насочување на прогресот во вистинската насока.
„Во изминатите две години, откако беше формирана Publicis Groupe CEE, направивме свесни напори да ги придвижиме работите во вистинската насока, за нашите жени лидери, за женскиот талент, но и општо, да создадеме поинклузивна, разнолика и одговорна работна околина. Иако сум среќен што можам да кажам дека денеска имаме силно женско лидерство и инспиративен кадар од женски талент насекаде низ нашите тимови, сепак ние сме свесни дека може да се направи уште толку многу за жените и останатите засегнати групи. Со оваа иницијатива, се надеваме дека ќе преземеме уште поконкретен чекор кон создавање на култура и околина која го охрабрува и го поттикнува нашиот талент – а ова е само почетокот на она што се надеваме да го направиме во деновите и годините кои следуваат“, вели Томас Лауко, Главен извршен директор во Publicis Groupe Central & Eastern Europe.
Следејќи ја иницијативата за родова еднаквост, компанијата исто така ќе ја лансира и својата прва серија „Publicis Groupe CEE Lioness“ на сопствената платформа на компанијата, Marcel. Инспирирана од лавот, кој е изгравиран во идентитетот на брендот Publicis Groupe. Серијата Lioness ќе ги прикаже и нагласи многубројните женски лидери низ регионот на CEE, славејќи ги нивните приказни и важните улоги кои тие ги имаат во компанијата. „Се надеваме дека серијата Lioness ќе ѝ обезбеди на следната генерација на женски таленти силни женски примери кои поттикнуваат промени и ја предводат иницијативата“, додаде Лауко.
Publicis Groupe CEE СЕРИЈАЛ LIONESS
Прв дел
• Марија Тудор – Главен оперативен директор, Publicis Groupe CEE
• Вероника Борбас – Главен директор за таленти, Publicis Groupe CEE
• Џоана Андраде – Главен финансиски директор, Publicis Groupe CEE
• Хелга Сасди – Главен извршен директор, Publicis Groupe Унгарија, Publicis Le Pont
• Ала Малиновскаја – Главен медиа директор, Publicis Groupe Adriatic
• Дагмара Витек – Главен креативен директор, Publicis Worldwide, Полска
• Александра Димитру – Главен медиа директор, Publicis Groupe Романија
• Александра Дилевска – Главен извршен директор, Publicis Groupe Северна Македонија и Хрватска
• Весела Апостолова – Главен извршен директор, Publicis Groupe Бугарија
• Елена Бакум-Рамола – Лидер на комуникацискиот бизнис, Publicis Group Украина
• Барбара Грабивода – Главен стратешки директор, Publicis Le Pont
• Никола Фоктова – Креативен директор, Leo Burnett и MSL Чешка