Почина Атанас Ковачевски – поранешен новинар и портпарол на ЕВН

На 50-годишна возраст почина портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

Ковачевски на јавноста ѝ беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН.

На неговиот Фејсбук профил утринава можеше да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваа од него. 

Ковачевски претходно работеше во ТВ „Канал 5“, како и во Македонската радиотелевизија. 

Translate »