Коронавирусот брзо се шири во семејствата каде што има заболено лице

Коронавирусот е двојно позаразен во домаќинствата отколку сличните болести, како САРС, бидејќи значителен број нови инфекции се проширил пред заболениот со Ковид-19 да покаже симптоми, покажала најнова студија објавена денеска.

Научници во Кина и САД рекле дека нивното откритие би можело да има големо влијание на намалување на бројот на новозаболени.

Користејќи ги податоците за 350 заболени од Ковид-19 и речиси 2.000 нивни блиски контакти во градот Гуангжоу во Кина, научниците ја процениле стапката на секундарен напад на вирусот, односно веројатноста заразената личност да ја пренесе болеста на некој друг.

Тие откриле дека просечен пациент има само 2,4 проценти можност да зарази некој кој живее со него, а тој процент скокнал на 17,1 или еден од шест, меѓу оние со кои живее заразеното лице.

Според нивните подели, кои се темелат на податоци собрани во јануари и февруари, но кои се ажурирани за да ги одржуваат најновите движења, веројатноста на заразата во исто домаќинство со заболен била највисока меѓу луѓето постари од 60 години и најниска меѓу оние под 20 години.

Mожноста заболено лице да зарази член од исто семејство е двојно поголема од случајот со САРС и трипати поголема во споредба со МЕРС, се наведува во студијата.

Тоа покажува дека вирусот лесно се пренесува внатре во инкубацискиот период и дека можат да го пренесат лица кои не знаат дека се болни бидејќи немаат симптоми.

Научниците велат дека изолацијата внатре во домаќинствата го намалила вкупниот број на случаи на Ковид-19 во студијата за 20 до 50 проценти во споредба со со отсуството на карантин.

Многу европски земји пред воведувањето на карантинот издадоа препораки дека дома треба да се остане оној кој е болен, што значи ако има симптоми типични за вирус.

Истражувањето наведува дека можеби е веќе предоцна за спречување на широка циркулација на коронавирусот. Вирџинија Пицер од Школата за јавно здравје во Универзитетот Јеил истакнала дека клучната разлика меѓу Ковид-19 и другите коронавируси е неговата значително поголема веројатност за пренос во периодот на инкубација.

Според неа, истражувањето објавено во магазинот „Лансет“, ја потврдува релативната важност на претсимптоматските трансмисии и односот помеѓу староста и ранливоста преку обезбедување клучни сознанија врз кои треба да се засноваат стратегиите за интервенција.

Translate »