Или вакцинација или два корона тестови, наскоро ќе се знае како ќе се оди во Грција на море
Како што стојат работите во моментов, грчките власти ќе обезбедат таканаречени брзи или зелени ленти за сите вакцинирани, со што би се олеснило преминувањето на границата, додека сите други треба да бидат тестирани.
Според туристичките претставници, оние кои не биле навремено вакцинирани од некоја причина, треба да достават негативен резултат од PCR-тестот при влегувањето во Грција, но и покрај тоа би биле тестирани. Една од причините зошто се разгледува оваа можност е фактот дека неодамна беа откриени значителен број на лажни, односно фалсификувани потврди за PCR тестовите!
Како што дознаваме, ова веќе се спроведува на границата за патници од одредени земји на Европската унија, како и за оние кои се на т.н. зелена листа.
– Ова лето, сигурно ќе патуваме повеќе од минатата година, но како и под кои услови ќе се знае за околу еден месец – вели Александар Сенишиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции во Србија (ЈУТА).
-Во овој момент, пореално е да се воведе потврда за вакцинација. Нашите граѓани кои се вакцинираа добија двојазични потврди, на англиски и српски јазик. Сертификатот за вакцинација ќе биде предност при патувањето – рече Сеничиќ.
Како што вели, „има многу шпекулации за тоа дали сите вакцини ќе бидат признати, но тој верува дека тоа нема да биде проблем“.
Сеничиќ очекува условите за влез во Грција како за граѓаните на ЕУ, така и за граѓаните на земјите од третиот свет да бидат познати во април.
Извор: blic.rs