Една година Sicho Barber. Од овде клиентите излегуваат задоволни!
Велат дека да најдеш добар бербер или фризер, е подеднакво тешко како и да најдеш добар доктор. Клучот е во довербата, која ќе се согласите тешко се стекнува. Токму затоа за да одбереме добар фризер се потпираме на препораките од пријателите. Токму тие препораки не донесоа кај Синиша Срезоски во неговото самостално фризерско студио Sicho Barber кое овие денови слави јубилеј една година од отворањето.
Оваа работа, моето студио, љубовта кон оваа професија ми дојдоа многу природно, не форсирав ништо! Кога увидов дека веќе подолг период голем број на клиенти ја имаат довербата, и со голема опуштеност и радост доаѓаат да се шишаат, фарбаат, фенираат кај мене, ме охрабри да отворам свој дуќан, кој еве речиси цела година работи одлично, вели Синиша Срезоски.
Кога работам буквално уживам! Практикувам опуштена комуникација со клиентите, без наметнување, бидејќи сакам од тука да излезат насмеани, позитивни.
Секако да за впечатокот биде комплетен важно е да работам и со квалитетни козметички производи, кои задоволуваат различни потреби на клиентите. Машкото лице и кожа имаат посебни и различни потреби од женските. Токму затоа ги користам специјализираните производи на IMEL кои ги задоволуваат и најспецифичните потреби.
Грижете се за себе и бидете убави и негувани секогаш! http://hairstyle.mk/