Како со собни растенија до поквалитетен и поубав простор?
Совети и идеи како да го уредите просторот со собни растенија
Внесување на собни растенија во домот во склоп со уредување на ентериерот добива се поголема популарност на секое поле, било да е тоа Вашиот дом, работно место или дури училница.
Собните растенија можат да направат многу повеќе од само додавање на зеленило во било кој агол од собата.
Голем примерок собно растение може повторно да ја заживее цела просторија.
Со внесување зеленило на кујнската маса, во близина на прозорецот или пак во празен агол, просторот веднаш се чувствува посоединет, живописен, комплетен.
Мало растение пак, може целосно да ја оплемени работната маса и да внесе боја помеѓу електронските апарати.
Живите растенија додаваат нешто што само уметноста или декорот не можат да го придонесат – нивниот раст и проширување ни помагаат да го обележиме времето и да се приземјиме, а нивните органски форми ни прават да се чувствуваме како дома.
Не грижете се доколку немате идеја или пак не се чувствувате сигурно сами да ја процените позицијата на Вашето посакувано растение, можеби се мислите како да го одледувате , а имате и канцелариски простор на кој му треба живот и пријатна атмосфера…
ФОЈА со задоволство ќе ви помогне за Вашиот концепт да се реализира.
• Зошто растенија во Вашата компанија?
Kога Вашите клиенти ќе ги пречекате во пријатна атмосфера опкружена со растенија, со сигурност пренесувате многу повеќе, пренесувате доверба и одличен прв впечаток.
Направете го Вашиот деловен простор поатрактивен, привлечете ги и импресионирајте ги клиентите.
Растенијата создаваат топла и пријатна атмосфера во вашата канцеларија и ја прават подобредојдена.
Тоа е одличен начин да им покажете на Вашите клиенти дека сте професионална и доверлива компанија.
Собните растенија, исто така додаваат боја и текстура на вашиот простор и го прават уште пријатен. Добрата вест е дека тие не се толку скапи како уметнички слики или декоративен мебел, а на овој начин нема да морате да потрошите цело богатство за да ја разубавите Вашата канцеларија.
Фоја може Вашата идеја да ја направи реалност, од идеја на лист до реализација од највисок ранг.
Растенија во канцеларијата
Растенијата во канцелариите придонесуваат до поголема продуктивност и прават пријатна атмосфера за работа.
Повеќе различни истражувања докажале дека работата со растенија или работењето во околина во која има зеленило и растенија, може да го намали физичкиот и психолошкиот стрес.
Растенијата можат да го изострат вашето внимание, да ја зголемат концентрацијата при работата и учењето, и да ја разубават работната околина.
А освен тоа , растенијата се и природни прочистувачи на воздухот, па дополнително ќе го направат просторот по свеж .
• Растенија во трпезаријата како и сите простории во домот
Кога станува збор за создавање привлечна и освежувачка атмосфера во вашата трпезарија, внесување на растенија може да направи чуда.
Не само што растенијата додаваат природна убавина, туку и го прочистуваат воздухот, го зголемуваат расположението и создаваат чувство на спокојство.
Од високи и елегантни до каскадни и живописни, овие растенија за трпезарија ќе внесат живот и свежина во Вашиот простор,а истото се однесува и за останатите простории.
Трпезаријата е место каде што се спојуваат семејствата со храната, а кога на ова равенка ќе и се додаде мала прашума, ефектот е извонреден.
• Зошто растенија во ресторани и кафулиња?
Рестораните кои имаат растенија кои се добро негувани и промислено поставени имаат повисока вредност од потрошувачите отколку рестораните без нив.
Растенијата се функционална инвестиција.
Наместо целосно произведена структура, користете зеленило како разделувачи на просторијата и седиштата.
Секој би сакал да помине дел од своето време во локал кој има пријатна атмосфера. Со современ дизајн и одлични формации од големи и мали растенија за целосен комфорт.
Фоја Ви нуди можност за целосно внатрешно уредување со собни растенија. И голем асортиман на садници кои можат да се употребат во однос на потребите на клиентот и просторот.
За професионални решенија , при уредувањето на Вашите канцеларии, компаниски простори и слично, контактирајте не. Дозволете ни да го пронајдеме вистинското рационално решение за Вашиот простор!
Според Вашите барања и потреби.
За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897