Навивачите на Интер никогаш не го забораваат тоа што го направи Пандев- направија специјално видео за него

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев низ својата богата кариера имаше можност да настапува за голем број на клубови, но својот најдобар фудбал дефинитивно го играше во Интер, клуб со кој ги освои сите најважни титули во периодот од 2009-2012 година.

„Нероаѕурите“ како и навивачите никогаш не го забораваат тоа што го направи Македонецот и секогаш му оддаваат голема почит, па така и денеска клубот од Милано со едно специјално видео го одбележа денот кога Пандев се врати и го облече повторно „сино-црниот“ дрес.

Пандев играше во младите категории на Интер по што беше испраќан на позајмици во Специја, Анкона по што следуваше преселлба во Лацио за да на 4 јануари се врати во „нероаѕурите“.

Translate »