Компанија нуди богатство под еден услов – да преживеете една година без мобилен телефон

loading...

Дали би се нафатиле на ваков предизвик? Компанија нуди вистинско богатство доколку успеете да преживеете една година без мобилен телефон. Пријавите траат до 8 јануари, а на 22 јануари компанијата ќе објави кој е избран на конкурсот.

Компанијата Vitaminwater започна наградната награда со која можат да се освојат 100.000 долари. Единствениот услов е да не го користите мобилниот телефон една година.

Можете да се пријавите на наградата со користење на хаштаг #nophoneforayear на вашиот Twitter или Instagram профил, со краток опис на тоа како би изгледала вашата година без смарт телефон.

Сепак, не се знае како компанијата ќе ги контролира конкурентите , односно како ќе провери дека не користеле смарт телефон.

Но, она што е познато е дека натпреварувачите на крајот на наградната игра ќе мора да поминат на детектор за лаги. Ако натпреварувачот издржи цела година бз смарт телефон, ќе ја добие целата награда, доколку издржи само шест месеци, на неговата сметка ќе легнат 10.000 долари.

Сепак, натпреварувачот нема да биде сосема без мобилен телефон. На користење ќе добие добар стар Нокиа 3310 за повици и пораки, пишува OddityCentral.com.

Translate »