Повторно земјотрес од 5, 1 степени
Утринава во 5:24 минути гевгеличани ги протресе нов, четврти по ред земјотрес во денонокието пред првиот работен ден од јануари 2018.
Земјотресот беше со јак звук, и тресење на земјиштето како дрмање на лево десно, во траење од неколку секунди, но доволно да се занишаат лустерите и да се затресат прозорците и столариите во домот.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар го регистрираше ударот со интензитет од 5,1 степени по европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на потресот е во Грција на длабочина од само 2 километри од земјиното тло, на 146 километри југоисточно од Скопје, на 9 километри источно од Стар Дојран.
Голем дел од населението во Гевгелија го почувствува утринското немирно тло, а не помалку изненадени беа Дојранчани, Жителите на Богданци, Струмица и населените места од југоистокот на Македонија.
Атинската сеизмичка лабораторија ноќеска регистрираше вкупно девет потреси во период изминативе шест часови, од 23:13 до 5:24 сите на североисточниот дел од Грција во близина на македонско-грчката граница.