Временска прогноза

 Претпладне  ќе  биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 18 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје слично време, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 29 степени.

В понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон запад, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекуваат повторно поројни врнежи, но условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога за неколку степени ќе биде посвежо.

Translate »