Овој телевизиски прилог од 2015-та година докажува дека Кина го создала коронавирусот пред 5 години?
„Станува збор за коронавирус кој што ги напаѓа дишните патишта, а инфекцијата може да се прошири директно од лилјаците“ – велат во емисијата.
Во екот на епидемијата на коронавирусот, како и недостаток на информации за тоа како всушност настанал истиот и кој е ‘нултиот пациент’, објавен е прилог од италијанската телевизија „RAI 3“ кој што настанал во 2015-та година и истиот дополнително ги зголемил теориите на заговор.
Во прилогот, се зборува за проект на кинеските научници кои што успеале да креираат вирус со вкрстување на лилјак и антилопа. Како што се наведува во таа репортажа, овој експеримент загрижил многу од истражувачите.
„Станува збор за коронавирус кој што ги напаѓа дишните патишта, а инфекцијата може да се прошири директно од лилјак на човек“ – се наведува во емисијата.
Прилогот од 2015-та година тврди дека вирусот е направен во лабораторија иако научниците од списанието „Nature“ сега тврдат дека коронавирусот од наведената снимка не е ист како Ковид-19.
Да ве потсетиме, половина милион луѓе се заразени од коронавирусот низ светот, вирусот кој што се појави во кинескиот град Вухан, а над 24.000 луѓе се починати.
Иако некои научници сметаат дека виновници се лилјаците, други тврдат дека за ова ширење на вирусот виновен е човекот.
izvor:Tocka.com.mk