Јадења кои ја будат фантазијата и се нешто уникатно и посебно!
Би требало да сме среќни што во нашето Скопје има ресторани каде може да се проба нешто уникатно и посебно. Скопје има свои тајни, свои убави делови, а има богами и преубави ресторани со преубава храна.
Дефинитивно не треба да патувате некаде далеку за да доживеете врвно гастрономско искуство и за да пробате нешто вкусно. Ресторани кои се како “неизбрусени дијаманти” и кои чекаат да бидат откриени, а на кои можат да ни позавидат дури и светските метрополи.
Ова лето ви предлагаме неколку специјалитети со ќе доживеете ново искуство, и кои ќе ја разнежат вашата душа.
Фета во фурна со медени смокви во Ботаника Урбана кафана
Па така ако сакате да јадете нешто што досега не сте го пробале, и на кое долго време ќе се сеќавате тогаш Ботаника Урбана кафана е местото за Вас. На пример фета во фурна со медени смокви, шкампи обвиени со сланина, италијанска поркета врз пире компир, бифтек ќебапи со пепер сос или некои други феноменални специјалитети трпеливо подготвено под надзор на главниот готвач Софка Камиловска. Таа со својот тим може да подготви јадења и според желба и според расположението на клиентот.
Ако сте мамурни, да подготви бургер, за да ви го подигне духот, а ако сте демотивирани паста со аспарагус и лимон, за да ви се отворат нови идеи за размислување. Ако сте среќни и имате убав повод, мезиња што одат добро со вино, за да вечерта трае подолго. “Еден готвач кој нема страст во себе, задоволство, љубов, енергија, мотивираност, и однос кон храната што ја подготвува, тој не може да биде добар готвач. Јас готвам за луѓето, готвам за да се чувствувам подобро, готвам за изразот на лицето на тие кои ќе ја пробаат мојата храна, готвам за тие да се почувствуваат како што се чувствувам јас дури готвам.”, изјави Софка.
Ракчиња во томато сос во Ресторани Сидро
Овде барем на неколку часа ќе се почувствувате како да сте на некое медитеранско крајбрежје, пробувајќи свежи и одлично подготвени ракчиња, октопод на скара, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос или нешто друго морско. А ракчињата во томато сос е нешто навистина посебно, што долго ќе го паметите. Овде можете да ја пробате најдобрата морска храна, но и најдобрите вина и десерти, во одличен амбиент и по многу достапни цени. Така што ако сте љубител на морска храна, тогаш локацијата за вас дефинитивно се ресторани Сидро.
Wagyu Ribeye стек во Sky Bar Панорамика
Ако сакате некого да воодушевите, и да оставите добар впечаток тогаш го препорачуваме ресторанот Sky Bar Панорамика. Ова е место со најубавата панорамска глетка на Скопје. Со самото доаѓање, атмосферата ќе направи да се почувствувате посебно. Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, ова е место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобност и квалитет.
Модерен ресторан идеален за склучување бизнис договори, за оставање впечаток пред партнерите и соработниците, за започнување љубовни приказни, за создавање пријателства. Барот има сопствена кујна со внимателно одбрано мени, кое ќе го задоволи сечиј вкус, па дури и на оние кои сакаат нешто луксузно Wagyu Ribeye стек. Може да се одбере од уникатните пијалоци, како на пример коњак Луј 13-ти.
Не чекајте! Животот е краток за да не уживаме во него.