Столтенберг: Земјата ќе се приклучи на НАТО како 30 членка
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека 29-те членки на НАТО денеска на Самитот во Брисел се договориле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори за членство во Алијансата.
„Го поздравивме договорот меѓу Атина и Скопје. Се договоривме да ја поканиме Владата во Скопје да почне пристапни преговори за членство и штом завршат сите национални процедури да се финализира договорот за името, земјата ќе му се приклучи на НАТО како 30. членка“, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по состанокот на Северноатлантскиот совет.
На Самитот во Брисел присуствуваат премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.