Зошто САД се повлекуваат од Блискиот Исток?
Од три земји од Блискиот Исток, САД повлекуваат ракетни системи „патриот“.
Американската војска од овој регион ќе повлече дел од противвоздушните одбранбени системи и ракети, јавува Вол стрит џурнал повикувајќи се на воени извори.
Идниот месец Пентагон ќе повлече четири ракетни системи „патриот“ од Јордан, Кувајт и Бахреин. Во извештајот се додава дека овој потег може да биде поместувањето на фокусот од Блискиот Исток на тензиите со Кина, Русија и Иран.
Два од системите „патриот“ се наоѓаат во Кувајт, а по еден во Јордан и Бахреин.
Овие тврдења доаѓаат во време на сѐ поголеми тензии меѓу САД и Иран, особено откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да се повлече од нуклеарниот договор кој со блискоисточната земја беше потпишан во 2015 година.