Експлозија во градски автобус во Белград
На автобусот од градскиот превоз во Белград, Србија, на линијата број 45 утрово се случи експлозија во која е повредена една жена.
Таа има повреди на главата и пренесена е во болница.
Оштетен е задниот дел на автобусот.
Според наводите на медумите, до експлозијата дошло кај задната врата, поради дефект на воздушните инсталации кои се наоѓаат во задниот дел на покривот.