Во Битола протестен марш против договорот за името

ВМРО ДПМНЕ најави протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, кое само по себе е капитулација.

Протесниот марш во Битола ќе почне во 13:30 часот пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред споменикот на Гоце Делчев.

 

Translate »