Некој нека му каже на Мицко дека Хамас за Палестинците, е она што е ВМРО за Македонците, вели Апасиев

Некој нека му каже на Мицко дека Хамас за Палестинците, е она што е ВМРО за Македонците! И плус, нека го поучи дека и Арапите се семити“, реагира претседателот на Левица, Димитар Апасиев за ставот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека се „неприфатливи нападите од Хамас кон Израел“.

„Борбата на арапските народи не е само нивна. Тоа е првиот фронт на сите социјалистички и прогресивни сили против империјализмот“, напиша Апасиев.

Израелските борбени авиони утрово повторно го нападнаа Појасот Газа.

Translate »