Чајот од бел трн е магичен напиток, и причина кожата на Марго Роби да изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“?

Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barbie открива дека актерката пиела чај од бел трн кој ја подобрува функцијата на црниот дроб. Како резултат на тоа, кожата на актерката изгледа совршено, исто како на куклата Барби.

Сигурно сите се согласуваме со ставот дека Марго Роби навистина личи на Барби кукла и со тоа е совршен избор за улогата во најголемиот летен хит – филмот Barbie.

Покрај природната убавина на актерката, нормално, во филмот е искористена и шминка, а овде се и симпатичните аутфити на Барби кои ни будат носталгија.

Но, актерката не се потпирала само на шминка и облека за да го оживее ликот на популарната кукла.

Таа направила драстични промени во исхраната и рутината за вежбање за што е можно повеќе да го долови совршениот изглед на Барби.

Ако го гледате филмот, ќе забележите дека дури и кожата на актерката изгледа беспрекорно, исто како на Барби, а наводно во голема мера ова не е шминка.

Јасмина Вико со потекло од Хрватска е експерт за здравје. Таа соработувала со актерите од филмот со цел да им помогне да дојдат до посакуваниот изглед пред снимањето.

Во интервју за Vogue, таа открива како ѝ помогнала на Марго значително да ја подобри состојбата на кожата.

„Во филмовите најважно е осветлувањето. Тогаш си помислив дека ќе треба да се фокусираме на црниот дроб, да го смириме нервниот систем и да направиме кожата да заблеска.

Но, најмногу се фокусирав на тоа кожата на актерите да блеска однатре“.

Јасмина вели дека ги натерала актерите да пијат чај од бел трн кој е всушснот популарен на нашите простори.

Според неа, чајот треба да стои во врела вода барем 20 минути и истакнува дека има многу горчлив вкус.

„Белиот трн го чисти црниот дроб. Кога се случува тоа, црниот дроб почнува да лачи повеќе глутатион поради кој кожата станува поблескава.



Црниот дроб сака што било горчливо бидејќи му помага да се исчисти. Овој чај е како магичен напиток!“ Белиот трн ги отстранува знаците на стареење на кожата за 6-8 недели користење, ја регенерира кожата со бори, ја подобрува еластичноста, ја тонира а тоа е поради големите количини на Е-витамин маслото што се наоѓа во масната фаза на семето од бел трн. 100% органско семе од бел трн произвeдува македонскaта компанија Хемера, чија основна цел е подобрување на здравјето на луѓето користејќи ја огромната моќ на природата.

извор Црнобело

Translate »