Зошто Будва да биде ваша дестинација ова лето?
Пред се, имате ексклузивна шанса да уживате во евтини цени.
За македонските граѓани, особено од помладата генерација, Црна Гора е интересна туристичка дестинација каде што се нуди секојдневна и вечерна забава. Како најпопуларна дестинација ја избираме Будва, каде што и во стариот дел на градот, но и во новиот може да уживате во убавата храна и музика.
За оние кои сакаат море и капење, поголемиот дел од плажите на црногорското приморје се урбанизирани. Чадорите за сонце во Рафајловиќи ќе ве чини 1,5 евра, а во Будва вон сезона чадор и две лежалки чинат 5 евра, а во сезона 10. Во Сутоморе, во текот на сезоната за чадор и две лежалки ќе треба да издвоите 8 евра.
Кафето чини 1,5 евра, соковите 1,7 евра и пивото е околу 2 евра. Но, интересна е појавата во голем број на кафулиња покрај плажа каде што пивото во текот на денот има три цени. Така, наутро ќе ви го наплатат 1,5 евра, на ручек по 2 евра, а навечер за 2,5 евра. Но, сладоледот е со иста цена преку целиот ден и чини од 0,7 до 2 евра. Сендвичите се продаваат од 2 до 2,5 евра, сокот е 1,5 евра, а кафето од евро до 1,5 евра.
Уживањето во вода со возење на скутер ќе ве чини околу 30 евра, а помали се цените доколку изнајмите автомобил. За цел ден ќе треба да платите до 20 до 25 евра. Доколку се возите со такси, старт чини едно евро, а секој следен километар е 80 центи.