Заев: Многу државници биле жртви на телефонски манипулатори и јас влегов во одбраното друштво

Премиерот, Зоран Заев, на денешната прес-конференција обвини дека е жртва на анти-НАТО пропаганда по објавената телефонска снимка кои се проширија во јавноста.

Според него, оваа акција трае со години и на удар се земји со евроаталнстски аспирации.

Тој им се извини на граѓаните и додаде дека и други високи функционери, од други држави биле жртви. Нагласи дека поради овој пропуст нема намера да поднесе оставка.

„За жал и јас станав еден од измамените од добро организирана структура. Но, не сум само јас мета на дискредитација. Тие го измамиле и Макрон, Борис Џонсон, Михаил Сакашвили, Столтенберг и Ердоган. Листата покажува дека сум во добро друштво“, посочи премиерот.

Заев истакна дека жали што ги објавил телефонските броеви на Вес Мичел и останатите државници, но подвлече дека не планира да поднесе оставка, бидејќи според него во случајот не се работи за издавање на државна тајна.

Во однос на делот за со патријархот Вартоломеј и подготевноста на Заев да даде 100 илјади евра за решавање на прашањето со МПЦ вели дека разговорот е изваден од контекст.

„Ова е нов аларм за цел свет за организирана борба против манипулации и лажни вести. Жртва сум на мојата отвореност. Затоа што врвен приоритет ми се граѓаните“, кажа Заев и додаде дека наскоро владата ќе излезе со итен план на акција против ширење дезинформации.

„Испочитувани се сите протоколи на комуникација“, тврди премиерот во врска со разговорите со лажните Порошенко и Столтенберг и вели дека разговорот е во канцеларија преку апликацијата „ватсап“. Тој уверува дека во нив не оддал државна тајна и потврди дека во јавноста било издадено соопштение за разговорот со лажниот Порошенко.

Translate »