Маж брутално ја претепал девојката во тоалет на сараевски клуб: Луѓето минувале и го гледале овој хорор, а потоа на вратата се појавил братот на ММА борецот
Пред неколку дена регионот го обиколи снимка од надзорните камери од дискотека во Сараево на која се гледа како познатиот ММА борец Денис Стојниќ го претепал насилникот кој ја нападнал девојката. Сега се појавила уште една снимка, но на неа “во главна улога” е братот на Стојниќ, Дадо.
“Погледнете
како братот на Денис Стојниќ “го нашминка” дечкото што претходно
брутално ја претепа својата девојка во тоалетот”, пишува во описот на
снимката објавена на Фејсбук страната “Црна хроника БиХ”.
Како што се наведува, снимката настанала во 2016-та година во Тесла клуб, откако едно момче ја тепало својата љубоморна девојка во тоалетот.
Тогаш на помош на нападната девојка притрчал неговиот брат, Дадо Стојниќ. Снимката од овој напад Стојниќ ја доставил на порталот Црна хроника БиХ.
“Ја тепаше својата девојка, некои гости само излегуваа од тоалетот и никој не отиде да и помогне освен мојот брат Дадо. Тоа беше во 2016-та година. Дадо го сопре насилникот и повика полиција, но девојката за жал не сакаше да го тужи насилникот”, рекол Стојниќ.
Source: Muškarac pretukao djevojku ispred kluba Dorian Gray u Sarajevu by indexpromocija