25 години со маскара на очите! Лекарите одвај ѝ го спасиле видот !
50 годишната Тереза Линч од Австралија, мајка на две деца, за малку ќе останелa без едно око поради маскарата која постојано ја нанесувала 25 години, а никогаш не ја извадила како што треба. Откако почувствувала силно чешање и иритација на очите, отишла на лекар. Таму и биле препишани капки и средства за исплакнување, но ништо не помогнало.
Кога отишла повторно на лекар, била шокирана кога и рекле дека маскарата која со години ја употребувала, а никогаш не ја исчистила од трепките како што треба, и направила камчиња кои се слепиле со внатрешноста на долниот капак. Веднаш била однесена во операциона сала, каде ја ставиле под целосна анестезија за да и го спасат видот.
“Чувството беше како некој да ми фрлил песок во очите”, вели Тереза. Таа ,по операцијата , изјави дека имала голема среќа што се завршило добро. ” Mожев да останам без око. На жените кои редовно нанесуваат маскара им препорачувам да ја отстрануваат темелно со средство за чистење на шминката за да не им се случи вакво нешто’, вели Австралијанката.
Лекарите, кои ја оперирале, велат дека во својата кариера не виделе ваков случај. Ситните честички од маскарата полека се насобирале во капакот и конечно го инфицирале целото подрачје, велат тие. Жените, многу често, ја оставаат шминката или пак само делумно ја отстрануваат од лицето, поради што може да дојде до несакани ефекти, предупредуваат здравствените работници.