Мајмунчето Антон го има решението за атопичната кожа на вашето дете

Појавувањето на егзема (атопичен дерматитис) е исклучително иритантна состојба на кожата која се манифестира со екстремно сува и чувствителна кожа. Оваа состојба е придружена со силна желба за чешање, кое може да ја инфицира кожата, а е особено тешко да се контролира кај деца од помала возраст. Но, нашиот пријател Мајмунчето Антон има неколку совети со кои вашето дете полесно ќе го надмине проблемот со атопична кожа.

Егземата не е заразна болест и причините за нејзино појавување и понатаму се непознати, но она што го знаеме како факт е дека ако во семејното стебло има некој кој претходно боледувал од егзема, има голема шанса таа да се појави повторно кај наследиците. Грижата за оваа состојба не е тешка, но бара одговорност и внимателност. Тоа одлично го знае Мајмунчето Антон, кој е експерт за грижа за детска егзема и во продолжение ќе ви понуди неколку начини на кои ќе ги ублажите симптомите на атопичната кожа.

Првото и основно правило: Без чешање! Знаеме дека е тешко, но чешањето само ја влошува состојбата. Наместо чешање, Антон препорачува повеќе гушкање со најблиските, бидејќи тие секогаш ги прават работите подобри. Ставете му на вашето дете чорапчиња на рацете и заедно одиграјте куклена претстава. На тој начин, ќе му ги оттргнете мислите од чешањето и ќе го научите како да се забавува додека е дома.

Кожата треба да биде здрава и чиста секојдневно, а редовното капење е најдоброто решение за тоа. Меѓутоа, Антон вели дека капењето со топла вода може дополнително да ја иритира кожата и затоа советува дека млаката вода е најдобра за да го смири и опушти детето. Избегнувајте долго капење, бидејќи влажната кожа е повеќе склона на иритации.

Антон тврди дека нанесувањето на производите од Еуцерин линијата за атопичен дерматитис ќе му годи на вашето дете и ќе му даде чувство на удобност во неговата кожа, заборавајќи на осипот и чешањето. Лосион и балзам, крема (за многу суви делови на телото), масло за туширање, интензивен смирувачки крем за егземите, спреј за интензивен јадеж, крем за раце, како и шампон DermoCapillaire Hypertolerant за многу чувствителен скалп, наменет за бебиња и деца со атопичен дерматитис. Нивната формула делува така што ја обновува оштетената кожа и го намалува чешањето, а со редовна употреба може значително да ја подобри состојбата на кожата.

Во моментот кога ќе ги забележите првите знаци на егзема, реагирајте соодветно. Доколку забележите иритација или осип на кожата кај детето (прво проверете ги лицето, рамената и колената), прво консултирајте се со лекар. А потоа, применете ги советите на Антон и овозможете му на вашето дете мирен живот, без болки и чешање.

Translate »