Новиот градоначалник на Бања Лука од самиот почеток воведува ред-„Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели„

Многу интересен потег на новиот и млад градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, го привлече вниманието на медиумите во неговата држава, Република Српска, но и на медиумите во регионот. 

Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија со клучевите од службените возила на градот, во која се наведува дека по негово барање, сите биле вратени во канцеларијата на градоначалникот во 16 часот.

„Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Над 70 отсто од службените автомобили со години, по работното време, не се на паркингот пред Градската управа. Ќе донесеме одлука дека сите службени автомобили мора да бидат обележани и таа е подготвена, а подготвен е и нов Правилник за употреба на овие возила“, напиша Станивуковиќ на својот фејсбук профил. 

Тој додаде дека меѓу клучевите има и автомобили во вредност од над 100.000 конвертибилни марки, кои тој ќе ги продаде.

„Има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука. Мора да ставиме крај на расипничкото однесување, и ова е само првиот чекор на тој план, а вечерва донесуваме низа други одлуки“, напиша Станивуковиќ.

Оригинална идеја, нема што. 

Translate »